LCCIEB (London Chamber of Commerce and Industry Examinations Board) е меѓународно признаено тело за доделување на сертификати подолго од едно столетие. Уште од нејзиното основање во 1881 година, LCCI ја согледува потребата дека освен курсевите за јазик, потребни и се и курсеви за понатамошно усовршување на трговските и техничките вештини. Испитниот одбор на LCCI е конституиран во 1887 година, а првите испити се одржани подоцна истата година.

Променливата структура на стопанството и вработеноста во Обединетото Кралство и ширум Европа ја наметнуваат потребата за постојано усовршување на комерцијалните вештини на вработените. Со цел да одговори на ваквите потреби, LCCI изработи серија стручни испити за проценка на способностите на кандидатот. Во моментот постои мрежа од 5000 регистрирани центри во повеќе од 100 земји ширум светот, која постојано се проширува.

Од декември 2002 година, кога се сои со GOAL, LCCI стана дел од ЕДИ, еден од водечките провајдери за стручни квалификации и електронски тестирања.

Денес, меќународните сертификати на LCCI вклучуваат голем број на стручни, професионални и јазчни дипломи кои се признаени од страна на вработувачите, владите и универзитетите ширум светот.

GLOBAL INPUT

е претставник за LCCIEB (London Chamber of Commerce and Industry Examinations Board) во Италија и на Балканот.

Главната канцеларија е во Рим, Италија.

Таа е непрофитабилна организација која работи од 2001 година и е признаена во областа на обука на професори.

Главните активности се:

    • LCCIEB сертификати за познавање на англискиот јазик,
    • Дизајнирање специјализирани курсеви за јазик (за лекари, архитект, деловни менаџери и др.),
    • Ораганизирање на професионална обука за предавачите во соработка со државните тела,
    • Организирање стажирање на студенти за работа и студии во Европа.